Ѓурѓовденски народни обичаи во македонија.
ЃУРЃОВДЕН-ПРАЗНИК СО ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ. Во нашиот православен календар Ѓурѓовден е еден од повеќето празници кои се доста почитувани, а и најголемиот пролетен празник. Празникот од дамнешни времиња е поврзан со многу обичаи, каде луѓето сакаат богата рожба и среќен живот. Како празник на светецот, заштитник на лозарите, пастирите и стадата, плодноста, на овој ден се мешаат различни обреди поврзани со обработката на земјата и плодноста, и практики за обезбедување на здравје и благосостојба. Слично како и на секој празник, се очекува нов почеток - пролет, а ноќта пред празникот е полна со тајна и надеж за плодност и богата рожба. Се верува дека утринската роса на Ѓурѓовден има неверојатна лековита сила, бидејќи Свети Георги како заштитник на пролетната влага ја победил ламјата и ги отворил патиштата на сите потоци и реки да течат како животот. Древен обичај е капење во росата и собирање на пролетната утринска роса за здравје и плодност. Заедно со обичаите за здравје и плодност се вршат и обреди за прогонување на злото. Пролетната бујна вегетација, со која се закитуваат куќите и шталите, исто така е задолжена со симболиката на празникот. Гурѓовската рака или венец, изплетени од капина, глог, букови гранчиња, коприва, го штитат домот од зли сили. Во неа сигурно треба да има цветови од здравец и гранчиња од цветовите на јаболко или друго плодородно дрво. Црвениот конец со кој се приврзани цвеќињата се верува дека чува од уроци. Симболиката на комбинација на растенијата е следнава: присуството на капина во букет симболизира исцелување (зелена гранка капина е израз на заштита, а самиот плод симболизира многу пари); гранка глог е симбол на плодноста и креативноста; букетот симболизира просперитет, а копривата освен дека е заштитник на домот таа е симбол на суетата и гордоста. Копривата штити од идните опасности. Здравецот е симбол на пријателството, јоргованот на љубовта, а цветовите од јаболко - љубов и младост. За трпезата освен јагнешко печено треба да има свеж кромид и лук, салата, пилешко, леб и вино.